

Карате Клуб МAKPETROL
Карате клубот Макпетрол е основан на 5.3.1997 година и постои веќе 15 години. За овој временски период од своето постоење, тој стана најреномиран, најуспешен и најтрофеен клуб во Р. Македонија и како таков влезе во историјата на карате спортот.
Карате клубот Макпетрол веќе подолги години успева да го задржи приматот најуспешен клуб на Државните првенства во генерален пласман за спортисти од пионери до сениори.