Главен тренер – Бошко Заборски

Бошко Заборски е роден на 5-3-1964, во Скопје. Со спорт се занимава од најмлади години и бил повеќекратен сениорски државен шампион во поединечна и екипна конкуренција, во тешка и апсолутна категорија и стандарден репрезентативец на Македонија. По триесеттата година од животот се определува за тренерска работа во Карате клубот Макпетрол. Вработен е во нафтената компанија „Макпетрол”- Скопје, во Одделот за физичко обезбедување на лица. На функцијата селектор на Македонската репрезентација во карате е од 2001 година, најпрво на кадетската и јуниорската репрезентација, а од 2004 е селектор на сениорската репрезентација. Од тој период има постигнато многу спортски резултати од меѓународна и врвна спортска категорија и на тој начин влегува во историјата на карате спортот.

Помошник тренер – Ирена Периќ

Ирена Периќ е родена на 26- 8- 1983 во Скопје. Периќ е член на карате клубот Макпетрол од неговите почетоци во 1997 година. Како натпреварувач таа е повеќекратен државен и балкански шампион. По завршувањето на нејзината натпреварувачка кариера се посветува на функцијата помошник тренер во карате клубот Макпетрол. Ирена Периќ е студент на Економскиот факулетет во Скопје.

Помошник тренер – Наташа Илиевска

Наташа Илиевска е родена на 4-4-1983, во Кратово. Од најмлади години се занимава со карате спортот и е повеќекратен државен шампион во својата категорија, како и во апсолутна категорија. Илиевска е стандарден репрезентативец. На 44. ЕП во Загреб, Хрватска Илиевска го освои сребрениот медал со што го постигна најголемиот успех на македонското женско карате. Паралелно со својата натпреварувачка кариера, посветена е и на работата како помошник тренер на Карате клубот Макпетрол. Вработена е во софтверската компанија Севус – Скопје.